Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро оцени дека кандидатот на демократите на претседателските избори во САД Хилари Клинтон го дискредитирала ривалот од Републиканската партија Доналд Трамп во првата дебата, пред две недели.
– Првата дебата пред две недели предизвика препелкање. Трамп, кој себе се претставува како човек со експертски способности, дискредитиран е токму како и Барак Обама во својата политика, напиша Кастро.
Написот на Кастро беше објавен неколку часа пред втората дебата на Клинтон и Трамп пред изборите на осми ноември.