Како дел од глобалната спортска менторска програма која се одвива во Вашингтон, Силвија Митевска беше поканета да учествува на прославата во „Белата Куќа“, кога претседателот Барак Обама им честиташе победа на Хокеарскиот тим Пингвини од Питсбург за освојувањето на престижниот Стенли трофеј за 2016та година.
Овој настан се одржува еднаш годишно.
Силвија Митевска е поранешен параглајдинг пилот и претседателка на ТАКТ организацијата за спорт и култура, и воедно е една од 16-те девојки кои се одбрани да учествуваат во спортската програма, поддржана од Стејт Департментот на САД.