Алепо: Децата одат на настава во подруми

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Хуманитарните агенции оценуваат дека речиси 100.000 деца живеат во источен Алепо, кој е под контрола на силите на опозицијата.

Новата учебна година почна минатата недела, но поради воздушните напади децата се во скривници. Во некои од нив е организирана наставата.

13-годишниот Нидал ал-Абад доручкува со татко му пред да оди на училиште. Тоа е едно од 100.000 деца кои живеат во источен Алепо. Владините сили тоа подрачје го држат под опсада.

Воздушните удари се интензивирани во последните денови. Тактото на Нидал, Абдулкарем ал-Абад се плаши дека неговиот син можеби еден ден нема да се врати од училиште.

Подрум претворен во училница

„Како татко, среќен сум кога гледам дека децата одат на училиште. Но, поради бомбардирањето постојано се плашам дека детето го праќам во смрт” – вели овој жител на Алепо.

Нидал до училиштето каде порано одел на настава, пешачи пет минути. Ова е само едно од илјадници училишта во Сирија уништени во војната, која почна пред пет ипол годии.
Пред почетокот на наставата, Нидал седи со училишниот другар. Ако не ја напишат домашната задача тие ќе бидат во неволја – вели тој.

Сега наставата ја посетуваат во слабо осветлен и тесен подрум, кој е претворен во училница. Нидал вели дека сака да стане учител кога ќе порасне.

„Се плашам од воените напади. Мојот пријател е убиен во населбата во која живееме. Си игравме заедно. Хеликоптер фрли бомба на неговата куќа и тој загина” – вели Нидал.
Децата не излегуваат надвор да играат за време на одморот. Воздушните удари се се почести од почетокот на неодамнешната офанзива на владините сили.

Не познаваат мир

„Училиштето во кое бевме е уништено, но фала на Бога немаше жртви. Но, учениците тешко се соземаат од стравот и паниката од бомбардирањето. Нападите психолошки влијаат на нив. Тешко ја следат наставата и тешко се концентрираат” – вели учителот Абдул-Кадир ал-Таи.

„Организацијата Save the Children вели дека пред војната во училиштето во Сирија се запишувале речиси 100 отсто деца. Процентот падна на шест отсто во најтешко погодените региони, како што е Алепо. По почетокот на офанзивата владините сили на дел од градот под контрола на опозицијата, уште помалку деца одат на настава” – известува од Газаинтепо репортерот на Ал Џезира Чарлс Стратфорд.

Во неодаманешните воздушни удари загинаа многу луѓе, вклучувајќи и деца. Жителите се плашат од исходот од копнените офанзивни сили кои ја поддржуваат сириската Влада.
На Нидал и неговите другари, како и на многу сириски деца им е одземено правото светот да го спознаат во мир.

Би можело да ве интересира

Израел ги гранатираше сириските аеродроми во Дамаск и Алепо

ВИДЕО: Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо

ВИДЕО: Израел ги нападна аеродромите во Сирија

Сириската армија воспостави контрола врз северозападниот дел на провинцијата Алепо

А1он

Ватикан: Папата испратил 100.000 евра за сиромасите во Алепо

Наум Локоски

Се слави на улиците на Алепо, откако армијата прогласи целосно ослободување на градот