Британскиот тенисер Енди Мареј го освои трофејот на АТП турнирот во Пекинг.
Тој денеска во финалето го совлада Бугаринот Григор Димитров со 2-0, по сетови 6:4 и 7:6.
За Мареј ова е вкупно петти во 2016 година и вкупно 40. во неговата кариера.
Во главниот кинески град се одигра финалето и во женска конкуренција. Победничка на ВТА турнирот е Агњешка Радванска од Полска која во мечот за трофејот беше подобра од Јохана Конта (Велика Британија) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:2.