Претседателот на Венецуела Николас Мадуро објави дека е воспоставена награда за мир во чест на покојниот лидер на таа земја Уго Чавез, а прв добитник е рускиот претседател Владимир Путин.
– Одлучив да воспоставам награда за мир и суверенитет „Уго Чавез“. Мислам дека претседателот Владимир Путин ја заслужува таа награда, изјави мадуро на свеченото отворање на статуата на Чавез, чиј автор е руски уметник.
Мадуро го опиша Путин како „борец за мир“ и најави дека добитниците на наградата ќе добиваат минијатурна реплика од статуата на Чавез.