Бугарскиот тенисер Григор Димитров со триумфот над Шпанецот, Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на АТП Мастерс турнирот во Пекинг.
Во четвртфиналната рунда, Димитров и Надал одиграа меч со голем број на грешки, за на крајот бугарскиот тенисер да се радува на победа од 2-0 во сетови и тоа со 6:2 у 6:4. Тој за противник во полуфиналето ќе го има Раониќ од Канада кој во два сета со идентични 6:4 и 6:4 го совлада шпанскиот тенисер Карено Буста.
Втората полуфинална двојка на турнирот во Пекинг ќе ја сочинуваат Британецот, Енди Мареј и Давид Ферер од Шпаниај.
Мареј за помалку од два часа го доби мечот против сонародник Кајл Едмунд со 2-0 со 7:6 и 6:2, додека неговиот противник во полуфиналето Ферер во маратонски меч славеше победа над Германецот, Александар Зверев со 2-1 во сетови со 6:7, 6:1 и 7:5.