Меркел верува во подобра иднина на медиумите во државата

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел преку видео порака изрази поддршка за печатените медиуми од каде во изминатите денови пристигнуваат информации за банкрот на угледни дневни весници.

– Сметам дека печатените медиуми се многу важни нагласи Меркел чија Влада поддржува проекти за анимирање млади луѓе да читаат весници.

Меркел во овонеделната видео порака оцени дека читањето е сепак нешто поинаку отколку да се види на интернет. Таа истакна дека нејзината Влада понатаму ќе поддржува проекти за читање весници како и останати проекти во кој постои можност за понатамошен развој на печатени медиуми.

Таа им посака добра иднина на медимите и ја потенцираше нивната улога во процесите на демократизацијата.

Изјавата на Меркел беше дадена откако медиумите јавија дека Фајненшел тајмс Дојчланд е пред згаснување, а Франкфуртер рудншау прогласи стечај.

Управниот одбор на германскиот медиумски џин Грунер плус Јар, одлучи да го згаси водечкиот економски весник Фајненшел тајмс Дојчланд, пишува Франкфуртет алгемајне и неделникот Цајт.

Дали веднаш ќе дојде до прекин на работењето или во некој преоден рок, ќе зависи од преговорите на управата и претставниците на вработените. Концернот најави и распишување на конкурс за продажба на неделникот Импулз. Сечата на медиумите во сопственост на овој издавач треба да ја преживее само магазинот Капитал, дознава Политика во Франкфурт.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад