(ВИДЕО) Алаѓозовски: Аквадуктот е претворен во депонија за градежен шут

Од:

„Погледнете само во каква катастрофална состојба се наоѓа аквадуктот и неговата околина.

Споменик на културата кој е вистинска реткост на Балканот е претворен во депонија за градежен шут. Реката која поминува под него е полна со ѓубре и потенцијален извор за зараза на Скопје.

Власта на обвинетиот Груевски и министерката за култура Канческа Милевска фрли над 650 милиони евра, пари на граѓаните, за камен и стиропор, а дозволи аквадуктот да биде во ваква состојба и целосно заборавен.

Ова е класичен пример за тотална негрижа на оваа власт за вистинското културното наследство во Македонија.

Скопскиот аквадуктот има историско и културно значење за граѓаните на Република Македонија и може да биде вистинска туристичка атракција.

Новата влада предводена од СДСМ ќе го заштити аквадуктот како културно наследство на Скопје.

Комплетно ќе го рехабилитираме оштетениот аквадукт и просторот околу него, ќе ја исчистиме и уредиме реката, а просторот ќе го заштитиме како културен предел.

Аквадуктот и неговата околина ќе ги претвориме во туристички и културен простор за сите граѓани на Македонија, како и за туристите кои го посетуваат главниот град“, изјави Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ