„Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“ е темата на денешната регионална конференција што ја иницира Стопанската комора на Македонија со поддршка на ЦЕФТА-ДИХК партнерскиот проект.
Целта на конференцијата е да даде реална слика на функционирањето на царинските постапки во регионот од аспект на унифицираност и функционалност, како и на можностите за целосно електронско поврзување на системите, со посебен акцент на функционирањето на е-царина.
Во воведниот дел ќе се обратат министерот за економија Дриотн Кучи, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и генералниот директор на Царинската управа на Република Македонија Наташа Радеска-Крстевска.
Во партнерскиот ЦЕФТА-ДИХК проект се вклучени стопанските комори од ЦЕФТА регионот и Унијата на трговско индустриски комори на Германија како главен поддржувач на коморските активности кои се во насока на исполнување на обврските согласно ЦЕФТА-Договорот.