Босанската амбасада организира „Дружење со пријателите“

Од:

„Дружење со пријателите” е насловена манифестацијата која вечер од 20 часот во организација на Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија ќе се одржи во Македонскиот народен театар.

Како што информира Босанската амбасада, настанот ќе го отвори амбасадорката на БиХ Лепа Бабиќ, а потоа на малата сцена на МНТ ќе настапи актерот Небојша Кундачина со стихови од поетите Алекса Шантиќ и Јован Дучиќ, како и сараевската група „Диванхана“ која ќе изведе босански љубовни песни-севдалинки.

На настанот е најавено присуство на Младен Иваниќ, член на Председателство на Босна и Херцеговина од Република Српска и претставници од македонските државни и културни институции.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат