Димитриев испрати честитка до еврејската заедница по повод Рош – Хасана

Од:

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Македонија и до припадниците на еврејската заедница во која им ја честита еврејската Нова година – Рош Хасана.

– Празнувањето и одбележувањето на деновите кои се поврзани со идентитетот, секогаш и секаде претставуваат симбол на припадноста и себеидентификацијата на еден народ, што претставува едно од основните човекови права. Почитувањето на ваквите денови во Република Македонија претставува значајна вредност на нашата држава и афирмација на меѓусебното разбирање помеѓу нашите граѓани. Тоа се вредности кои го чуваат нашето единство и го осветлуваат патот на нашата иднината, вели Димитриев во честитката.

Во оваа насока, додава Димитриев, Ви ја честитам новата година и Ви посакувам се што е позитивно и се што носи радост и среќа, а што не се случило во изминатата година, да Ви се случи оваа година. Воедно, Ви посакувам мир и спокој во секој од Вашите семејства и нека Вашите животи ги води љубовта, добрата мисла и добрите дела.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба