Со концерт на Ајман Мусакаџаева народен уметник на Република Казакстан, вечер во Битола ќе почне јубилејното 25. издание на Фестивалот на класична музика „Интерфест“.
Мусакаџаева е во рангот на најголемите интернационални ѕвезди на виолинската уметност кои освоиле награди на престижните конкурси за класична музика во Белград, Џенова, Токио, Хелсинки и интернационалниот конкурс „Чајковски“ во Москва, информираат од „Интерфест“.
Годинава на „Интерфест“, во Битола, концерти ќе приредат пијанистката Ритка Кинка од Србија, Бетина и Роберт Ауст од Германија, пијанистот Џузепе Ло Чичеро од Италија, уметници од Турција, Црна Гора, Австрија и од Македонија.
Фестивалот на класична музика „Интерфест“ ќе заврши на 12 октомври, а секоја година се одржува под покровителство на Министерството за култура.