БДП во 2015 година изнесувал 558.240 милиони денари

Од:

Државниот завод за статистика ги објави податоците за БДП во 2015 година според кои тој изнесувал 558.240 милиони денари и во однос на 2014 година номинално е зголемен за 5,8 отсто. Реалната стапка на раст на БДП во 2015 година, според Државниот завод за статистика, во однос на 2014 година изнесува 3,8 проценти.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2015 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање,

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 18,7 проценти.

Финалната потрошувачка во 2015 година, во однос на 2014 година, номинално растела за 3,6 отсто, а во структурата на БДП учествувала со 85,1 отсто.

Учеството на извозот на стоки и на услуги, според податоците, во структурата на БДП во 2015 година изнесува 48,8 отсто и вредноста на

инвестициите во основни средства во 2015 година изнесува 129.095 милиони денари.

Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2015, во однос на 2014 година, изнесува 4,5 отсто.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 63,4 отсто, машините и опремата со 30,1 проценти, а останатите инвестиции со 6,5 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он