Скопје и Тирана се збратимија

Од:

Градоначалниците на Скопје Коце Трајановски и на Тирана Ерион Велиај, денеска потпишаа спогодба за соработка и збратимување на двата града.

Градоначалниците Трајановски и Велиај, на потпишувањето на спогодбата во Тирана потенцираа дека ќе биде засилена соработката меѓу културните, научните и образовните институции. Скопје и Тирана ќе разменуваат искуства и експерти во областа на комуналната инфраструктура, сообраќајот, одржливиот развој, заштитата на животната средина, социјалната заштита, културата, спортот и во сите други области коишто се од значење и во интерес на двата града, соопшти Град Скопје.

– Ми претставува особена чест што денеска го потпишавме овој договор за соработка, односно договор за збратимување, како еден од највисоките документи за соработка меѓу два града. Ова збратимување има големо значење за Скопје зашто ние доаѓаме од две соседни земји кои негуваат одлична соработка, изјави Трајановски.

Градоначалникот на Тирана, Велиај, истакна дека со задоволство очекува размена на искуства за работењето на Град Скопје, за успешното функционирање на јавните претпријатија, за сообраќајните решенија и за менаџирањето со кризните ситуации.

– Очекувам по неколку недели да ја возвратиме посетата на Скопје, како прв чекор во нашата соработка. Заинтересирани сме да подготвиме календар за соработка во многу сфери од нашето делување, нагласи Велиај.

Соработката меѓу Скопје и Тирана датира од 1996 година. Оттогаш се реализирани неколку возвратни посети, а особено е интензивна соработката на полето на културата, уметноста, образованието и спортот.

Скопје е збратимен со вкупно 19 градови, а има воспоставено пријателски односи и соработува со над 50 градови од светот, почнувајќи од 1961 година.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство