СДСМ: ДЗС монтира бројки за раст на индустриското производство!

Од:

„Дури и Државниот завод за статистика којшто испорачува нарачани бројки за обвинетиот Никола Груевски во денешниот објавен податок за раст на индустриското производство се заплетка во своите нарачани шеми.

Државниот завод за статистика при објавувањето на податокот за индустриско производство заборавил да ги намонтира и статистиките во извештајот за индексот на работниците во индустријата.

Невозможно е индустриското производство во Македонија да расте во услови кога имаме намалена продуктивност согласно извештаите на надлежните институции и намален број на работници во индустријата.

Скарани со економската логика контролираните институции на Никола Груевски не можат да ги спасат пропаднатите економски политики“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он