Продолжува комисиската расправа за Предлог Буџетот за 2017 година

Од:

Во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по Предлог буџетот на Република Македонија за 2017 година.

Според предлог вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од БДП, односно 18,6 милијарди денари.

Капиталните инвестиции се планирани на 26,95 милијарди денари.

Буџетот е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3 проценти, а инфлацијата да остане на ниво од 1 отсто.

Предлогот пред членовите завчера, кога и почна расправата, го образложи министерот за финансии Кирил Миновски кој рече дека расправата во Собранието почнува во едни специфични политички околности. – Поставувањето на економски цели и насоки за следната година е потребно за непречено одржување на економска стабилност и покрај политичките случувања во земјава, што е и препорака на реномираните меѓународни финансиски институции, рече Миноски.

Предлог-буџетот за 2017 година, како што рече министерот во образложението,  се базира на три основни постулати а тоа се развој, кој базира на високиот износ на капитални инвестиции, социјална заштита на најранливите категории граѓани и етапно намалување на буџетскито дефицит за да се постигне фискална консолидација на среден рок.

Според него главениот приоритет на буџетот е поддршка на приватниот сектор, бидејќи како што рече е клучен за економскиот развој на земјата и е единствен кој може да креира нова вредност.

Расправата по Предлог – буџетот за 2017 година во Комисијата според Деловникот треба да заврши за 10 дена од денот на нејзиниот почеток.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година