Димитар Грабул (ТК Југ) и Стефан Мицов (ТК Тенис парк) ќе играат утре во финалето на државното првенство на Македонија во тенис. Двајцата во денешните полуфинални мечеви остварија победи. Грабул со 6:1 и 6:2 го победи Шендрит Деари и со тоа се избори за меч во кој ќе може да ја брани титулата освоена лани.
Во второто полуфинале Мицов со 6:4 во двата сета беше подобар од Драган Думевски.
Во финалето во женска конкуренција Катарина Маринковиќ со победата од 2-0 во сетови (6:4 и 6:2) над Ана Ристевска ја одбрани титулата освоена минатата година.
Попладнево се игра финалето во конкуренција на двојки кај мажите Стефан Мицов и Димитар Ристовски против Димитар Грабул и Предраг Русевски.
Машкото финале е закажано за утре со почеток во 16 часот, а ќе се игра на терените на „Тенис парк“ во рамки на СЦ „Јане Сандански“.