Анализа: Брегзит е најголема закана за европската економија

Од:

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ е најголемиот ризик за економијата на ЕУ, затоа што „Брегзитот“ ќе донесе неизвесност, се твди во анализа нарачана од германската влада, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според предвидувањата на економските институти: ИФО од Минхен, ДИВ од Берлин, ИВХ од Хале , РВИ од Есен и ИФВ од Кил, Германија и остатокот од ЕУ ќе претрпат голема штета доколку преговорите со Лондон се одоговлекуваат.

Со Брегзитот во ЕУ ќе се потенцираат проблематичните банкарски сектори во Италија и Португалија, како и конфликтот во источниот медитеран, се вели во анализата на престижните германски организации.

„Заминувањето на Лондон од ЕУ ќе предизвика долготрајна пасивност меѓу инвеститорите по што за половина може да се намали и стапката на раст во унијата. Референдумските резултати во Велика Британија ја зголемија негативната перцепција за глобализацијата што може да доведе до помал раст“, се вели во заклучоците на извештајот кој што е нарачан од страна на владата во Берлин.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон