Меморандум за соработка денес ќе потпишат Владата на Република Македонија и универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Главна цел за потпишувањето на овој меморандум е изработката на студија и акционен план за демографка политика.
Меморандумот од името на Владата ќе го потпише министерот за образование и наука Панче Кралев, а од страна на Универзитетот, ректорот Велимир Стојковски. На потпишувањето најавено е присуство и на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.