Во заедничка акција на царинските службеници и граничната полиција денес на железничката станица во Прешево е спречен обид на двајца државјани на Того илегално да ја преминат границата, соопшти Царинската управа.
Се криеле во вагон на товарен воз, кој од Грција сообраќа ширум Западна Европа.
Илегалните имигранти се откриени во вагон чија крајна дестинација била Австрија, што укажува дека тие планирале да пристигнат во таа земја.