САД што поскоро ќе разместат ракетен систем во Јужна Кореја

Од:

САД имаат намера „што е можно поскоро“ да разместат ракетен одбранбен систем во Јужна Кореја за да ја елиминираат заканата од Северна Кореја, и покрај противењето на Кина, изјави Даниел Расел, висок американски претставник задолжен за прашањата на Источна Азија.

Расел додаде дека системот има чисто одбранбена намена и не е насочен против Кина, туку кон Северна Кореја, пренесе Танјуг.

Тој не прецизираше кога системот ќе биде разместен, но наведе дека тоа ќе биде сторено што поскоро со оглед на забрзаното темпо на севернокорејски атомски проби.

Северна Кореја годинава изведе две нуклеарни тестирања, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот