Надал: Ова беше тешка година за мене

Од:

Поранешниот најдобар тенисер на светот Рафаел Надал изјави дека 2016 година била напорна за него.

– Ова беше тешка година за мене. Се повредив во најлош момент, што беше дополнителен проблем. Сепак имав добро враќање. Особено добар настап имав на Игрите во Рио, а на УС Опен работите не се одвиваа како што замислував, изјави Надал.

Надал во 2016 година го повреди зглобот на раката за време на Ролан Гарос, а поради повредата не играше ниту на Вимблдон. Настапи на Игрите во Рио, но е далеку од нивото на кое играше кога освои и вкупно 14 Грен слем титули.

– Ќе се обидам да се вратам на нивото кога освојував Грен слем титули. Тоа е сега моја цел, надополни Надал.

Надал се наоѓа на четвртото место на АТП листата.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен