Баскиската сепаратистичка организација ЕТА денеска соопшти, дека е подготвена да преговара со француската и шпанската влада за разоружување, една година по соопштението дека ја прекинува 40-годишната вооружена борба за независност, објавено е на веб-страницата на баскискиот весник “Гара”.
Организацијата сака да разговара за начинот и рокот за ослободување на затворениците и политичките бегалци, за начинот и рокот за разоружување, распуштањето на вооружените структури и демобилизацијата на милитантите на ЕТА и подоцнежните фази за демилитаризација на ЕТА, соопштено е од организацијата.
Овој процес, наведува ЕТА, би овозможил да се примени одлуката за ставање крај на вооружениот конфликт, кој беше објавен на 20 октомври 2011 година.
Ова е прв пат членовите на оваа организација да се огласат, од кога објавија прекин на вооружената борба.