Светскиот ден на туризмот, регистрирани 348 милиони туристи

Од:

Светскиот ден на туризмот-27 Септември годинава се одбележува под мотото „Достапен туризам“. Светот до април 2016 регистрираше 348 милиони интернационални туристи, 18 милиони повеќе од тој период лани, а Македонија, како и земјите во развој бележат двоцифрен пораст на бројот на интернационални туристи во 2015 година. 

Во минатите шест декади, како што се наведува во соопштението на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, туризмот искусува континуиран развој и станува најголемиот и најбрзо растечки економски сектор во светот.

– Туризмот има константен развој и покрај малите шокови, демонстрирајќи ја силината на секторот. Интернационалното патување порасна од 25 милиони во 1950 на 287 милиони во 1980, 674 милиони во 2000 и 1.186 милиони во 2015. Сумата регистирана од интернационално патување достигна 2 милијарди американски долари во 1950, 104 во 1980, 495 во 2000 и 1260 во 2015 година, се вели во соопштението.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информира дека туризмот е главна категорија во интернационалната размена на услуги и оти во 2015 година генерираше извоз од 1,5 трилиони американски долари или во просек 4 милијарди американски долари на ден.

– Интернационалниот туризам денес претставува 7 отсто од светскиот извоз на добра и услуги, поголем за 6 отсто од 2014. Како светска категорија за извоз, туризмот се рангира на трето место зад горивата и хемикалиите, или веднаш зад храната и автомбилската индустријата. Во многу развиени земји тој се наоѓа на првото место во извоз, стои во сопштението.

Америка, Азија и Пацификот имаат регистрирано најголем пораст на интернационални туристи (6 отсто), додека Европа и најпосетените региони во светот пет отсто, Средниот Исток 2 отсто, а Африка пак бележи пад од 3 отсто.

Светската туристичка организација предвидува раст на туризмот од 3,5 до 4,5 отсто до крајот на 2016 година, што е во линија со предвидувањата дека туризмот ќе расте во просек по 3,8 отсто од 2010 до 2020 година. Топ рангирани дестинации според број на странски туристи и профитот туризмот се Америка, Шпанија и Кина.

Бројот на интернационални туристи во светот се очекува да порасне за 3,3 отсто меѓу 2010 и 2030 година и да достигне број од 1,8 милијарди туристи. Земјите во развој, меѓу кои е и Македонија, очекуваат пораст од 4,4 отсто годишно, дупло повеќе од веќе развиените економии и учествуваат со 45 отсто во овој број или вкупно 1 милијарда интернационални туристи.

Во 2015 година повеќе од половина од туристите патувале до посакувата дестинација со авион (54 отсто), со автомобил (39 отсто), воз (2 отсто) и брод (5отсто). Од вкупниот број на туристи 53 отсто патувале со намера да се одморат, 14 отсто од бизнис причини и 27 отсто да посетат пријатели и роднини.

Бројот на интернационални туристи во Европа порасна за 5 отсто во 2015 година или вкупно 608 милиони туристи, 27 милиони повеќе од 2014 година. Ова е невообичаен раст, земајќи ја предвид созреаноста на дестинацијата. Југоисточна Европа бележи пораст од исто така 5 отсто со тоа што приматот го земаат Андора, Словенија, Португалија, Хрватска, Кипар, Грција и Малта.

Наредната 2017 година е прогласена за Интернационална година за развој на одржлив туризам, како единствена можност да се создаде туризмот како глобален и национален приоритет, вредна компонента за сите залагања за економски раст, заштита на културата и животната средина и заедничкото разборање.

Туризмот стана водечки економски сектор кој остварува придонес од 10 отсто во глобалниот бруто домашен производ и 6 отсто во глобалниот извоз.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ