Дискусија „Одговорноста на владејачките елити – од Шекспир до денес”

Од:

По повод одбележувањето на 400-годишнината од смртта на Вилијам Шекспир, Асоцијацијата на Чивнинг
стипендисти во Македонија (MCAA) вечер од 18 часот во центарот „Јавна соба“ организира „Чивнинг кафе: Одговорноста на владејачките елити – од Шекспир до денес”.

– Настанот се организира со цел да се промовира квалитетот на британското образование преку прославување на делата оставени во наследство од оваа извонредна британска икона. Една од централните теми во делата на Шекспир е одговорноста, која провлекувајќи се низ вековите ја задржува својата важност и денес. Креирајќи врска меѓу драмите на Шекспир и денешниот модерен и динамичен свет, настанот има за цел да поттикне квалитетна дискусија околу темата на одговорноста на владетелите, соопшти организаторот.

Настанот, исто така, е и можност за запознавање со Чивнинг стипендистите од Македонија и за добивање повеќе информации за Чивнинг стипендијата и искуствата на стипендистите.

Со поздравно обраќање настанот ќе го отвори Ана Мешковска, претседател на Македонска асоцијација на Чивнинг стипендисти, а излагање ќе има и Пол Едвардс, заменик-амбасадор на Велика Британија во Македонија.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март