Тркалезна маса на УКЛО за животот и делото на Свети Климент Охридски

Од:

Еминентни професори од Германија, Италија, Русија и од Македонија кои работаат во сферата на славистиката, и посебно на животот и делото на Свети Климент Охридски, денеска на истоимениот Универзитет во Битола презенетираа важни детали од неговото наследство.

Според професорот Себастијан Кемпген од Универзитетот во Бамберг-Германија, конференцијата во Битола е многу соодветна затоа што универзитетот го носи името на Свети Климент Охридски.

– Јубилејот што годинава го славиме е јубилеј за целиот Свет и е многу важен. Не е дискутабилно да се каже дека Свети Климент потекнува од Македонија, од овој Регион бидејќи тука делувал, и исто така неспорно е дека учениците на Свети Климент, Свети Кирил и Свети Методиј се движеле и во околните земји и таму делувале, но Република Македонија, регионот Македонија може да биде горд на тоа што глаголицата и други документи за словенскиот јазик потекнуваат од Република Македонија, истакна гостинот од Германија, професорот Кемпген.

За животот и делото на Свети Климент Охридски говореа и професорите Виторио Томелери од Универзитетот во Мацерата-Италија и Роман Николаевич Кривко од Националниот истражувачки универзитет во Москва, како и претставници на академската заедница во Македонија.

Истражувачкиот материјал што денеска беше презентиран во Битола ќе биде публикуван во научното списание „Хоризонти“ што го издава Универзитетот „Св.Климент Охридски“.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование