Народната партија на десниот центар на претседателот на техничката Влада на Шпанија, Мариано Рахој победи вчера на регионалните избори во Галиција, а Басиската националистичка партија (ПНВ) во Баскија, покажуват резултатите од излезните анкети.
Народната партија во Галиција го задржа апсолутното мнозинство.
Од друга страна Баскиската националистичка партија не освои апсолутно мнозинство, така што ќе мора да бара коалициски партнер.
Во северните шпански покраини Баскија и Галиција вчера беа одржани регионални избори, кои можеа да влијаат врз ситуацијата во земјата, каде четирите водечки партии не успеваат да формираат влада.