Дрвокрадци нападнаа полицајци

Од:

Шумската полиција заедно со полициски службеници од СВР Струмица, вчера, во реонот на село Хамзали во местото викано „Рудникот“-Струмичко, забележале непознати лица како бесправно вршат сеча на дабова шума и ги товарот во патничко возило. Истите и покрај дадениот знак да застанат со возилото тие се дале во бегство.

Според полицијата, по пристигнување во село Старо Балдовци, од возилото излегле непознатите лица и заедно со уште неколку непознати лица со секири, вили и дрвени предмети им упатиле закани на шумските полицајци, а го оштетиле и службеното возило. Во знак на предупредување, од страна на двајца шумски полицајци биле испукани два куршуми во воздух, по што лицата се дале во бегство.

Извршен е увид на местото на настанот, а при приведување на Ф.С.(21) од с.Старо Балдовци од страна на толпа луѓе бил блокиран патот. Во нападот од кршење на стакло од службеното возило телесно биле повредени двајца шумски полицајци и еден полициски службеник.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи