Србљак поразен во четвртфиналето на фјучрсот во Сокобања

Од:

Македонскиот тенисер Горазд Србљак не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Сокобања, откако попладенво загуби од Словенецот Мајк Урбанија со 2-0 во сетови во четвртфиналниот меч.

Првиот сет Урбанија (26, год. 985 место на АТП листата) го доби со 6:4 во гемови откако резултатот беше изедначен 4:4, а во десетиот гем на свој сервис противникот на Србљак сервираше три аса. Во вториот сет немаше многу борба и по 1:0 за нашиот тенисер Урбанија доби шест гема по ред и го заврши мечот за 87 минути.

За 19-годишниот Србљак ова беше петти меч на турнирот откако претходно мораше да игра и две кола во квалификациите и оствари вкупно четири победи.

За пламсанот во четвртфиналето Србљак ќе добие два бода.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен