Мониторингот на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските сервиси за време на изборните процеси, биле тема на денешната средба на амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет со претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелно медиумски услуги (АВМУ), соопшти АВМУ.
На средбата во АВМУ се разговарало и за улогата на регулаторното тело за време на изборните процеси.
– Двете страни се согласија дека ваквата соработка треба да се унапредува и продлабочува и во иднина, се вели во соопштението.