Продолжи протестот на тетовските ученици кои бараат превоз до училиште

Од:

Втор ден по ред дел од средношколците во Тетово кои живеат во околните места протестираа пред општинската зграда поради тоа што три недели од почетокот на учебната година немаат организиран и бесплатен превоз од нивните домови до училиштата.

На денешниот протест на учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ “ им се придружија и тие од средното медицинско училиште „Никола Штејн“.  Најавија дека со протестите ќе продолжат се додека не им се обезбеди организиран превоз од страна на општинските власти.

– Многу ученици што се од село имаат проблем со транспортот бидејќи некои немаат да платат. Цените се од педесет до сто денари. Ние бараме одговорност од општината бидејќи со процесот на децентрализација на Македонија се одговорни за овој проблем. Ние сакаме проблемот да се реши. Протестите ќе продолжат додека тие не ги обезбедат автобусите за превоз, изјави ученик во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

Од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, кој е одговорен за образованието во општината, посочија дека согласно дотацијата од Министерството за образование и наука за превоз на тетовските средношколци и одлуката на Советот на општината определени се околу 68 милиони денари за оваа намена.

– Од страна на изминатите гарнитури општински власти дел од средствата наменети за подобрување на образованите објекти биле пренасочувани за покривање на договорите за превоз на учениците кон превозниците што ги надминувале определените средства за тоа, велат надлежните.

– Тоа што беше одлучено од страна на комисијата на средни училишта на општина Тетово – договорот беше испратен до сите превозници кои направија жалба на тој договор до државната комисија за жалби за јавните набавки. Училиштата не можат да излегуваат од оние рамки на средства што ги имаат и ние не можеме да продолжиме со праксата на правење договори што се над дотацијата определена за транспорт на ученици, изјави Ахмед Ќазими, раководител на Секторот за јавни дејности.

Конечната одлука кога средношколците од Тетово ќе добијат организиран превоз до училиштата сега зависи од државната комисија за јавни набавки. Таа треба да одлучува по жалбата на превозниците од регионот според која понудените 68 милиони денари не се доволни за покривање на трошоците за превоз на учениците.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март