Затвореник од црногорскиот град Котор бил застрелан со снајперска пушта за време на прошетка во дворот на затворот „Спуж“.
Повредениот затвореник Далибор Ѓуриќ бил веднаш пренесен в болница, по што им подлегнал на повредите.
Полицијата започна истрага за инцидентот. Во близина на затворот бил откриен автомобил со италијански регистарски таблички, за кој се претпоставува дека бил користен од напаѓачите.
Ѓуриќ се води во полициските досиеја како опасен за безбедноста и е член на т.н. „Шкалјарска група“. Тој се наоѓа в затвор од октомври 2014 година. Од 2006 година досега преживеал неколку обиди за убиство.
Војната меѓу криминалните групи во Котор трае од крајот на 2014 година, кога во Шпанија беше украдена пратка од 200 килограми кокаин.