Уторово било симнато огромното знаме на Република Албанија кое пред неколку денови беше поставено на предната страна од објектот на центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово.
Околу 05:00 часот, додека двајца полицајци го обезбедувале објектот, забележале непознато лице како излегува од него. На дадената наредба да застане истото се дало во бегство, а при обид да го приведат, непознатото лице со нож му нанело расекотина на прстот на еден од полицајците, по што побегнало.
По ова, од страна на полициските службеници е констатирано дека е симнато албанското знаме. Полицијата информира дека се преземаат мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
Исто така утрово, околу 01:30 часот на автопатот Тетово-Гостивар, кај надвозникот за с. Горно Седларце, непознат сторител запалил три знамиња на Р. Албанија, поставени на надвозникот од страна на жителите на селото.