Над Јужна Кореја летаа два американски суперсонични бомбардера, од кои едниот слета во воздушна база на 40 километри јужно од Сеул, јавија западни медиуми.
Тоа е втор таков лет на суперсонични американски бомбардери од нуклеарната проба на Северна Кореја на 9 септември.
Неименуван официјален претставник на американските трупи во Јужна Кореја изјави дека летот на двата бомбардера Б01Б Лансер, чија база е во Гуам, е извршен со намера за демонстрирање сила на јужнокорејскиот сојузник.
Два американски бомбардера надлетуваа над Јужна Кореја и минатата недела, четири дена по петтата нукеларна проба на Пјонгјанг.