Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи манифестацијата „Движи се за здравје“ наменета за деца од раната предучилишна и училишна возраст.
Манифестацијата има забавно-рекреативен карактер и опфаќа вежби за подобрување на моторичкиот развој кај децата од предучилишна и училишна возраст.
Организатор е Детскиот културен центар „Карпош“, а на манифестацијата ќе учествуваат децата кои членуваат во ликовната, танцовата и фолклорната секција при овој центар.