Одбележан еден век од населбата Ѓорче Петров

Од:

Промовирана е монографијата „100 години населено место Ѓорче Петров и 20 години локална самоуправа“, која ја подготви професорот и собирач на македонското културно богатство Марко Китевски.

Како што информира општина Ѓорче Петров, во монографијата застапени се бројни историски и современи настани, значајни личности кои оставиле траги во развојните, стопански, општествени и културолошки процеси. Читетелите ќе добијат информации за многу населени места, богати со духовни светилишта.

Во изминативе две недели, општина Ѓорче Петров организираше 100 настани по повод еден век од основањето на населеното место. Општината подготви театарска претстава „Растежот на Ѓорче“, издаде ново ДВД издание во трење од 15 минути за историјата на општината, се одржа голем турнир во мал фудбал на кој учествуваа 24 екипи од цела Македонија. Учениците од основните училишта пишуваа за својот роден крај поезија и проза, а младите сликари ги пренесоа своите гледања на големиот јубилеј на платно.

Централниот настан се одржа во Центарот за култура, а го отворија децата од градинката „Росица“ со перформанс на тема „Македонија.“ На оваа седница беа доделени благодарници, признанија и плакети на многумина кои во изминатиот период придонеле за развој на општината. Меѓу добитниците беше и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Плакети им беа доделени на поранешните градоначалници Јордан Јакасановски, постхумно на Ане Василевски и на сегашниот градоначалник Митровски. Плакети добија и сите некогашни претседатели на Советот на општината, првенци на генерации од училиштата, стопанственици, културни работници и вработени во општината подолго од 10 години.

Добитник на Годишната награда „Ѓорче Петров“ е АРМ која, како што се наведува во соопштението, со години активно учествува во развојот на општината, вклучувајќи се во многу проекти, од кои некои веќе траат десетици години. Механизацијата на АРМ учествувала и во изградба и реконструкција на улици од руралниот дел од општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето