Ѓорческа поразена во првото коло на фјучрс во Франција

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е поразена на стартот на фјучрс турнирот што се игра во францускиот град Сен Мало. Поуспешна од неа беше осмата носителка Марина Заневска од Украина која е на 192.место на ВТА листата.

23-годишната Украинка двата сета ги доби со 6:4 и 6:0 во гемови, а ја искористи предноста и подобриот сервис во мечот. Ѓорческа искористи само една од седумте брејк топки, додека нејзината ривалка имаше 5/8.

За нашата тенисерка останува и настапот во игра на двојки. Попладнево заедно со Диана Марцинкевица од Летонија ќе играат против Корнелија Листер од Шведска и Нина Стојановиќ од Србија.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен