Повеќе скопски населби утре без струја

Од:

Дел од корисниците од булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“, под улица 2 утре од 8:15 до 12 часот ќе останат без струја.

Од 10 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Миле Поп Јордан“ и „Јуриј Гагарин“ во општина Карпош, а од 8 до 13:30 часот дел од потрошувачите од булеварот „Македонско-косовска бригада“ под населбата Топаана, од улицата „376“ и дел од населбата Топаана.

Во временскиот период од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Сердарот“ во населбата Драчево, а од 7:30 до 14 часот корисниците од селата Црешево и Смиљковци во општина Гази Баба.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од село Ласкарци, општина Сарај и жителите од улицата „Радишанска“-лево, дел од Бел Камен на улицата „18“ кај сервис „Зајо“ и улицата „Бутелска“ во општина Бутел.

Жителите од скопското село Бардовци, под улиците 6, 8, 10, 12 и 14 ќе бидат без струја од 9 до 14 часот. Од 12 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од село Драчево, улица „Јустинијан Први“ во општина Кисела Вода.

Од 8:30 до 13:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од село Драчево, улица „Антон Димитров“ броевите 139, 141, 143, 145, 147 и 151 во општина Кисела Вода.

РЦУК на Град Скопје информира дека прекините се поради технички зафати во електромрежата.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата