Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финасирање и буџет и за транспорт и врски и Законодавно-правната комисија.
На дневниот ред на Комисијата за транспорт и врски е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка во второ читање.
Комисијата за финасирање и буџет ќе одржи две седници на кои ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, на Законот за експропријација, и на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, сите по скратена постапка во второ читање, а на втората седница е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост во прво читање.
Законодавно-правната комисија, на трите закажани седници, ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за експропријација, на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, и на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, трите по скратена постапка во второ читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост во прво читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка во второ читање.