НДМ: За каква јазична федерализација зборува СДСМ кога во моментот де факто нема примена ниту на македонскиот јазик во цела Македонија

Од:

Народно движење за Македонија одржа прес конференција во врска со најавата за двојазичност на цела територија на Македонија.

На прес конференција, Панче Жежовски член на Извршниот комитет на НДМ рече:

Поминаа пет дена од шокантната најава на СДСМ дека се залагаат за воведување на албанскиот јазик на целата територија на Македонија.

Народно движење за Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси најостро реагира на овие опасни залагања за двојазичност.

Маските паднаа. СДСМ ги отвори карите. Најавува редефинирање на државата.

Народно движење за Македонија ваквиот опасен чин го смета за тешко злосторство врз Македонија и Македонците.

Дотолку повеќе, за каква јазична федерација зборуваат колегите од СДСМ кога во моментот не е обезбедена примена ниту на македонскиот јазик во цела Македонија, бидејќи во општините со доминантно албанско население македонскиот јазик де факто е исфлен од употреба.

Со залагањето за двојазичност се потврдија сознанијата на НДМ.

Имено, некаде после 18 мај 2015 кога на Груески и Заев лично им поднесовме план од седум точки за решавање на кризата, добивме информации дека клучните прислушкувани материјали за државниот врв му се дадени на СДСМ под услов да прифати федерализација на земјата и промена на вековното македонско име.

Оттука, произлегува дека СДСМ ги прифатило овие два услови бидејќи јазичната федерација за која се залага СДСМ е само чекор и до територијална федерализација на земјата, додека пак, вториот услов-промена на името е одамна познато дека е прифатен бидејќи СДСМ не крие дека ќе дојде до промена на името.

Повикот за двојазичност го прифатија сите албански партии во земјата во која гледаат една преодна етапа за федерализирање на државата.

Оттука, НДМ ги предупредува албанските партии дека залагањето за федерализација на државата македонскиот народ го смета како повик за нова војна во Македонија.

Од друга страна, владеачката ВМРО-ДПМНЕ има обврска за доследна примена на Уставот и законите.

За НДМ и народот е неприфатливо за опасни ситуации кои ја тангираат државата, владеачката ВМРО-ДПМНЕ да се задскрива зад граѓаните со вообичаената формулација „граѓание ќе ги казнат на изборите„ туку бараме власта да излезе пред граѓаните со јасен институционален одговор на антимакедонските потези.

Како и да е. За НДМ нема дилема.

Ваквата опасна состојба и понижувачки однос кон државата и народот наскоро ќе завршат. По разбивањето на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на 11 декември, Народно движење за Македонија како одговорна власт знае како да се грижи за виталните национални и државни интереси.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска