Челникот на Демокраската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, во понеделникот му ја честиташе на рускиот премиер Дмитриј Медведев воедно и челник на Единствена Русија уверливата победа на неделните парламентарни избори во Русија.
„По повод победата на Единствена Русија на штотуку завршените слободни и демократски избори за руската Дума, со изрази на најдлабоко почитување Ви упатувам срдачни честитки со најискрени желби, во мир и благосостојба да остварите уште посилен и посеопфатен напредок на Руската Федерација“, се вели во честитката од Стоиљковиќ од Медведев..
Стоиљковиќ притоа изразува уверување дека со „јасната и мудра политика“ на Медведев ќе биде осигурен севкупен напредок и ќе биде засилен меѓународниот углед и влијание на Русија и рускиот народ, како „наши докажани и сигурни пријатели, со цел да се сочува меѓународниот мир, да се постигне успех во борбата против тероризмот и заштитата на духовно блиските и сродни народи“.
Демокраската партија на Србите во Македонија, во јули годинава претставувана од челникот Иван присуствуваше на 15-от Конгрес на партијата Единствена Русија, од којашто доаѓаат претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев.