Лендл: Мареј ќе има тешка сезона

Од:

Тренерот на Енди Мареј, Иван Лендл смета дека неговиот пулен тешко ќе стигне до трофеј на Австралија Опен без оглед на тоа што го разби малерот освојувајќи го УС Опен.

“Тенисот е спорт во кој е многу тешко да се победи во последно време. Тука се Ѓоковиќ, Федерер, Надал и Енди во таа група и многу е тешко да се успее во оваа ера“, изјави Лендл, кој не сакаше да прави паралели со минатото.

Надал по долго отсуство се врати на редовните тренинзи, Ѓоковиќ на неверојатен начин го освои финалето на Мелбурн 2012, за да на крајот на сезоната се врати на врвот, доминирајќи на завршниот Мастерс, додека Федерер имаше неколку успеси меѓу кои и седмата титула на Вимблдон и повторното искачување на врвот на АТП листата.

“Немам намера на прогнозирам или да предвидувам какви ќе бидат резултатите на Енди во новата сезона. Никогаш не разговарам ни за деталите поврзани со неговата игра, бидејќи никој друг тоа немора да го знае, само Енди. Што се однесува до мене, најдобар начин да се оди напред е пристапот “натпревар по натпревар“, рече Лендл.

“Мислам дека односите ни се добри. На Енди му е потребна мотивација како и на секој друг играч, мора да си поставува цели, високи цели, но реални. Уживаме во Сардинија, напорно работиме, но забавно ни е.“, заврши Лендл.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех