Хрватска и Аргентина финалисти во Дејвис купот

Од:

Тениските репрезентации на Хрватска и на Аргентина ќе играат во финалето на Дејвис купот оваа година, откако синоќа во полуфиналните дуели ги совладаа своите ривали.

Хрватска во Задар ја победи Франција со 3-2, а решавачкиот поен го донесе Марин Чилиќ со триумфот над Ришар Гаске во четвртиот меч. Тој беше подобар од ривалот со 3:0 во сетови.

Во второто полуфинале, во Глазгов, Аргентина ја победи Велика Британија, откако во решавачкиот меч Ленадро Маер го победи Даниел Еванс со 3:1 во сетови. Аргентина славеше победа со 3-2.

Финалето Хрватска – Аргентина ќе се игра од 25 до 27 ноември, а домаќин ќе биде селекцијата на Хрватска.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен