А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за 26-годишен скопјанец за поседување марихуана

by А1он18/09/2016 - 13:1918/09/2016 - 17:51111
Share0

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против Д.Т.(26) од Скопје осомничен дека неовластено набавил наркотична дрога марихуана, за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти МВР, на 14 септември во 20:45 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, поточно на паркинг од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, било извршено легитимирање и преглед на возило марка “Шевролет-Спарк“ со скопски регистерски ознаки управувано од И.Ј.(18) од Скопје. Во возилото биле и Д.К.(18) од Скопје, кој бил сопатник и пријавениот Д.Т. кој бил совозач во возилото.

– При извршениот преглед во возилото кај лицата И.Ј. и Д.К. не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од сторено кривично дело, додека при обидот за легитимирање и преглед на пријавениот истиот постапил спротивно на предупредувањата и наредбите на полициските службеници дал активен физички отпор и ги спречил полициските службеници во преземањето на започнатите службени дејствија по што се дал во бегство и искористил прилика од себе да исфрли една полиетиленска ќеса со непозната растителна материја спакувана во топчеста форма, се наведува во соопштението.

Полициските службеници, се додава, успеале да го стигнат пријавениот по што тој бил приведен, а потоа се вратиле на местото каде претходно пријавениот ја фрлил полиетиленската ќеса со непознатата растителна материја и при преглед на местото на настанот ја пронашле ќесата со непознатата растителна материја.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пријавениот заедно со лицата со кој бил затекнат биле приведени во ПС-ОН-Гази Баба и со нив бил извршен разговор. По документирањето на настанот и извршениот разговор, во консултација со Јавен обвинител пријавениот Д.Т. бил задржан во ПС-ОН-Гази Баба заради спроведување понатамошна постапка, додека И.Ј. и Д.К. биле пуштени од полициска станица, посочуваат од МВР.

droga

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он09/06/2026 - 20:5009/06/2026 - 20:38

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он06/06/2026 - 21:25

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он28/05/2026 - 18:42

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он29/04/2026 - 19:12

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Горан Наумовски29/04/2026 - 10:51

Полицијата во Нови Сад пронајде шест килограми кокаин во автомобил, уапсен е возачот

Горан Наумовски14/04/2026 - 16:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто