А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Откриени над 4 килограми марихуана, приведен албански државјанин

by А1он18/09/2016 - 11:4918/09/2016 - 17:51170
Share0

Еден албански државјанин е приведен, под сомнение дека поседувал и пренесувал наркотици, а две други лица од гостиварското село Добри Дол се задржани на разговор, информираат од СВР Тетово. По спроведената акција, синоќа полицијата на две локации запленила над 4 килограми марихуана.

Добивај вести на вибер

– Синоќа, при обид да биде легитимиран албанецот М.Д. (27) во населбата Малки, им побегнал на полициски службеници и при тоа фрлил едно најлонско ќесе и патничка торба. Подоцна е утврдено дека во нив имало околу 4 килограми тревкаста материја за која постои основано сомнение дека е наркотична дрога марихуана и дадена е на вештачње. Два часа подоцна, околу 23.30 тој е приведен во еден угостителски објект во селото Добри Дол, изјави Марајан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Непосредно по приведувањето, со судска наредба извршен е претрес во куќата во која М.Д. престојувал. Во една помошна просторија била откриена ќеса во која имало околу половина килограм тревлива материја.

Портпаролот Јосифоски информира дека со акцијата која била спроведена од полициски службеници на ПС Гостивар се приведени и две лица од Добри Дол, едно на 18 и едно на 53-годишна возраст, осомничени дека го превезувале албанскиот државјанин.

Осомничениот албански државјанин кој од претходно е познат како извршител на повеќе кривични дела, во текот на денот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар

Во две други акции на полицијата, изминативе денови, во Гостиварско беа откриени над 4 килограми марихуана, а едно лице заработи притвор.

droga

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски31/10/2025 - 08:2431/10/2025 - 08:25

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Горан Наумовски27/10/2025 - 22:50

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Горан Наумовски27/10/2025 - 15:56

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД

Горан Наумовски24/10/2025 - 07:21

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски13/10/2025 - 08:4913/10/2025 - 08:49

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он30/09/2025 - 21:4030/09/2025 - 21:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен