Најдобрата македонска тенсиерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот во Добрич, Бугарија. Таа попладнево загуби од првата носителка Изабела Шиникова од Бугарија со 2-1.
Првиот сет со 6:4 во гемови го освои домашната тенисерка, Ѓорческа изедначи откако го доби вториот сет со 6:3, додека во решавачкиот трет сет Бугарката беше убедлива со 6:0.
Во игра на двојки Ѓорческа со Шиникова како први носителки попладнево ќе го играат финалето против Лаура Шедер од Германија и Малани Стоке од Норвешка.