Македонските кошаркари гостуваат во Унгарија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација попладне во Солнок со дуелот против домашната Унгарија ги завршува настапите во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.

„Црвено-жолтите“ по двата пораза на домашен терен во салата Јасмин во Кавадарци од директните конкуренти во групата Г, Унгарија и Велика Британија за првите две места на табелата ги загубија и теоретските  шанси за учество на уште еден Европски шампионат.

Дуелот во Солнок против лидерот во групата Г, Унгарија за нашиот националн тим ќе биде шанса да се поправи лошиот впечаток од последниот меч в средата против Велика Британија кога доживеаја убедлив пораз од 89:62.

Против силната селекција на Унгарија, македонскиот состав кој веќе ги загуби сите можности за пласман на првите две места во групата ќе настапи без натурализираниот Македонец Ромео Тревис, кој во договор со стручниот штаб доби дозвола предвреме да ги заврши квалификациите и да замина кај семејството во САД.  Тоа значи дека поголема минутажа на теренот ќе добијат центрите Младеновски, Крстевски, Јаневски и Дујковиќ.

Натпреварот во Солнок меѓу селекциите на Унгарија и Македонија се почнува во 16 часот и 30 минути.

По 5 одиграни кола во групата Г на водечката позиција со максимални пет победи е селекцијата на Унгарија пред Велика Британија со три победи, Македонија со два и Луксембург без ниту еден триумф.

Би можело да ве интересира

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ