Земјите-членки на Европска унија и меѓународната заедница треба да примат бегалци од Турција, бидејќи договорот со Турција не може да биде долгорочно одржливо решение за заштита на бегалците, изјави претставникот на УНХЦР во Австрија, Критсоф Пинтер.
Тој додаде дека на Турција и е потребна поддршка за бегалците.
Пинтер како позитивна работа од договорот со Анкара го потенцира намалувањето на бројот на жртви за време на патувањето од Турција.
Тој истакна и дека програмите за помош на бегалците не се доволно финансирани.
– Нам ни недостасуваат пари. Ситуацијата е драматична и поради тоа што луѓето се обидуваат да го продолжат патувањето во земји каде имаат подобра заштита, посочи Пинтер.
Тој ја повторно упати критика до поголемиот број на земји-членки на ЕУ дека премалку се ангажираат за бегалците.
– Не може долгорочно мал број земји-членки на ЕУ да го сносат товарот на целата бегалска ситуација, наведе Пинтер.