Ристовски: Универзитетот „Дамјан Груев“ ќе се отвора етапно – единка по единка

Од:

Универзитетот за национална безбедност „Дамјан Груев“ ќе се отвора етапно, во временски период од неколку години. Во рамки на универзитетот ќе функционираат неколку единки, како воена и воздухопловна академија – за потребите на Армијата и Министерството за одбрана, а ќе има и цивилни факултети, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој денеска присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

– Оттука, паѓаат во вода тврдењата на опозицијата дека универзитетот набрзина ќе започне со работа од 1 септември, за што беа поднесени и илјада амандамни за кочење на донесувањето на законот за негово основање.  Владата и Министерството за образование и наука многу детално, етапно и многу сигурно ќе пристапи кон оформувањето на секоја од овие засебни единки, врз основа на засебен план. Истовремено, не станува збор за некакво инволвирање или инфилтрирање партиски кадар на тој универзитет. Напротив, универзитетот „Дамјан Груев“, во она што е матичен законик, има најстроги критериуми за влез на професори и останат наставен кадар , од она што значи стандард во Р. Македонија, рече Ристовски.

Додаде дека во оваа насока ќе бидат ангажирани и странски професори кои ќе го зголемат квалитетот, но и ќе ги исполнат високо поставените стандарди.

– Како Влада и како Министерство, цел ни е таму да дојдат најквалитетни професори, коишто ќе бидат дел од тој универзитет. Тој универзитет ќе оди во фази, единка по единка, онака како што ќе биде подготвено и согласно со политиките и приоритетите на Владата. Истовремено на универзитетот се планира ангажман на голем број професори, странски професори, кои од една страна ќе го зголемат квалитетот на универзитетот, а од друга страна ќе ги исполнат критериумите, коишто навистина се над стандрадите, рече Ристовски.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование