ЕК подготвена да и помогне на Бугарија во заштитата на границата

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека е подготвена да и помогне на Бугарија во заштитата на нејзнината граница од напливот на мигранти, исто како што им помага и на другите држави-членки на ЕУ погодени од мигрантската криза, јави БТА.

– Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер посвети посебно внимание на ова прашање при вчерашното обраќање пред Европскиот парламент. Подготвени сме да им помогнеме на Бугарија и на сите останати на кои им треба помош да ги заштитат своите граници и да се справат со мигрантската криза. Тоа беше и останува наша примарна задача, изјави претставник на Еврокомисијата.

Тој нагласи дека Јункер е во постојан контакт со бугарскиот премиер Бојко Бприсов во поседните неколку недели во врска со ова прашање, како и дека експерти на ЕУ ги проценуваат конкретните потреби на Бугарија.

Според него, експерите треба да утврдат колкава финансиска помош може да и биде доделена на Бугарија од Буџетот на ЕУ за внатрешни работи.

Борисов вчера побара од ЕУ итно да и додели 160 милиони евра на Бугарија, со цел земјата да може подобро да ја заштити својата граница кон Турција.

– Сакаме да добиеме нешто повеќе, а не само изјави на солидарност, На Самитот во Братсилава ќе настојувам итно да ни бидат доделени 160 милиони евра, рече Борисов.

Преку бугарско-турската граница минуваат клучните канали за илегален влез на бегалци и мигранти во ЕУ, која се соочува со досега најголемата бегалска криза во својата историја.

Бугарија последниве месеци бележи зголемен број апликанти за азил, кои останаа заглавени на нејзина територија, откако земјите од Средна Европа ја зајакнаа контролата на своите граници и го ограничија влезот на мигранти. Според бугарските власти во текот на август бројот на апликанти за азил во Бугарија е двојно поголем во однос на претходните два месеци.

Според податоците на Еврокомисијата, во последнава недела во Бугарија се распоредени 173 дополнителни припадници на Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс), од кои 120 на граничната линија кон Турција, а останатите на 173 на бугарскко-српската граница.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална